Албанија собра докази за бегството на Груевски
Во Република Албанија службите ги прибрале доказите за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.
Овие докази ги бараше македонското обвинителство.
Груевски територијата на Република Македонија не ја напуштил на кој било граничен премин односно дека излегол на див премин.
Груевски пред околу два месеци избега од Македонија и во Унгарија, доби азил. Тој за случајот „Тенк“ требаше да одлежи две години затвор.
Тој се огласи на Фејсбук откако избега, но и деновиве пред да се гласаат уставни измени.
Слично
