Албанец на Ќафасан криел 21 килограм пастрмка во резервна гума
На влез во државата на граничен премин Ќафасан цариниците открија 21 килограм свежа пастрмка скриена во просторот за резервна гума на автомобил со кој патувал државјанин на Албанија
Од Царинската управа известуваат дека е покрената постапка против лицето кое се обидело нелегално да внесе небезбедна храна – транспортирана во несоодветни услови и без потребни сертификати и дозволи.
Од „Царина“ додаваат дека годинава е спречен обид за шверц на над 4 тони храна, меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.

Слично
