Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанците желни да го видат Ахмети во ТВ-дуел

Албанците желни да го видат Ахмети во ТВ-дуел

По последните информации за телевизиска дебата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи се зголемени гласините и постовите за одржување таква дебата и во албанскиот политички блок.

Според секоја логика, тој ТВ-дуел би требало да биде помеѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, информира агенцијата на албански јазик ИНА.

Во последните 10 години не се има случено телевизиска дебата меѓу лидерите на позицијата и опозицијата во албанскиот политички блок: последна таква дебата имало пред повеќе години меѓу поранешниот претседател на ДПА Арбен Џафери и претседателот на ДУИ Али Ахмети, пишува ИНА.

Една дебата сега меѓу Али Ахмети и Зијадин Села би предизвикала голем интерес кај телевизиските гледачи, бидејќи останаа необјаснети многу отворени прашања и теми, почнувајќи од настаните на 27.април минатата година, заедничката политичка декларација, Законот за јазиците, реформите во судството, последните политички актуелности поврзани со проширувањето на Владата, како и други теми, пишува агенцијата ИНА.


Слично

Поврзани вести