Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанците со најмал број на министри во Владата во последните 20 години

Албанците со најмал број на министри во Владата во последните 20 години

Албанците ќе предводат најмал број на министерства во Владата во последните 20 години, кажува евиденцијата на ТВ21, додека траат преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ за составување владеачко мнозинство.

„Вреди“ би имал четири министри и тоа би била најслаба застапенот во Владата од 2006-та па наваму, кога ВМРО-ДПМНЕ имаше коалициски договор со ДПА.

Според доегашните гласини, „Вреди“ треба да ја добие функцијата прв вицепремиер, Министерството за здравство, Министерството за животна средина, Министерството за економија и новоформираното „Министерство за социјална политика, демографија и млади“. Коалицијата ВРЕДИ се очекува да добие и двајца министри без ресор, за евроинтеграции и за добро владеење.

Во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ имаше 40 пратеници, додека ДПА имаше 11. Тогаш Албанците имаа вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор и 4 министерства – за здравство, Министерството за образование, Министерството за култура и Министерството за животна средина. Сега, во 2024 година ВМРО ДПМНЕ има 58, а ВРЕДИ 14 пратеници.

Доколку имаме реформирање на министерствата, следната влада ќе има 20 министерсвта, без да се земаат предвит трите министерства без ресор. Од тие, само 4 ќе и припаднат на ВРЕДИ, а 2 на ЗНАМ. Со другите 14 ќе раководи кадар на ВМРО ДПМНЕ, а ќе нема министер од ниту една од помалите етнички заедници.

Слично

Поврзани вести