Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанци уапсени на Меџитлија – сакале да пренесат 40 килограми марихуана

Албанци уапсени на Меџитлија – сакале да пренесат 40 килограми марихуана

Тројца албански државјани се приведени во полициската станица на граничениот премин Меџитлија, откако полицијата пронашла 40 килограми марихуана во нивните торби.

Тие биле откриени во непосредна близина на границата со Грција во околината на селото Лажец. Албанските државјани планирале пеш да ја поминат границата и во торбите да ја пренесат марихуаната.

Марихуаната, како што информираа од полицијата, била спакувана во 36 пакувања во две поголеми торби.

Акијата се спровела вчера и во неа учествувале полицајците од СВР Битола и од станицата за граничен премин и надзор Меџитлија.


Слично

Поврзани вести