Албан Малиќи е назначен за почесен конзул на Мексико
Албан Малиќи е назначен за почесен конзул на Мексико со седиште во Скопје, соопштија од Министерството за надворешни работи.
Оваа информација на социјалните мрежи ја објави министерот Бујар Османи.
Во меѓувреме, и групацијата Малиќи, исто така, го објави неговото назначување за почесен конзул на Мексико.
- Имаме особена чест да објавиме дека нов конзул на Соединетите Мексикански држави - Мексико во Република Северна Македонија е назначен Албан Малиќи, дел од Бордот на директори на Малиќи груп - соопштуваат од граупацијата.
Албан Малиќи ја презема оваа важна функција со цел зајакнување на билатералните односи меѓу Мексико и Северна Македонија.
- Со голема чест денеска прифаќам нова задача, почесен конзул на Соединетите Мексикански држави – Мексико. Имам голема одговорност да продолжам таму каде што татко ми прерано застана, и како конзул да придонесам во промовирањето на трговијата, културата и туризмот меѓу двете земји. Оваа прокламација претставува нов почеток и сигнализира надеж за зајакнување на врските меѓу нашите две земји. Убеден сум дека со мојата енергија и големо искуство, овој мандат како конзул ќе го одбележам со успех. Со нетрпение ги очекувам првите активности за зајакнување на врските меѓу нашите народи - вели Албан Малиќи.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
