Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛАРМОТ ЅВОНИ: Граѓаните се гушат, количеството на штетни честички руши рекорди!

АЛАРМОТ ЅВОНИ: Граѓаните се гушат, количеството на штетни честички руши рекорди!

Речиси во сите скопски општини ноќеска се урнаа рекордите на загаденост.

Граѓаните се гушат, состојбата е алармантно, а честичките во воздухот достигнаа неверојатни 835 микрограми на метар кубен.

Состојбата во главниот град беше ваква:

Во Центар максималната концентрација е измерена во 3 часот од 537 микрограми, во Лисиче 835 во 22 часот, во Ректорат 623, во Гази Баба 490 микрограми и во Карпош 322 микрограми на метар кубен.

Ништо подобро не е ниту во Тетово каде се измерени 828 микрограми во 23 часот, а ова утро најзагадено е во скопската општина Центар со измерена концентрација на ПМ10 честички од 276 микрограми на метар кубен.

Утрово загаденоста е на пониско ниво.

Сепак највисоко ниво ПМ10 честичките достигнале во  Карпош 207 микрограми, Лисиче 182, кај Ректорат 146 и во Гази Баба 136 микрограми.

Се поставува прашањето дали е ова нормално?

Градските татковци да преземат итни мерки и да реагираат , порчаа граѓаните и разни здруженија.

ФАКТОР ви овозможува да ја следите состојбата со загадноста на овој линк.

Слично

Поврзани вести