Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛАРМАНТЕН РАСТ НА ЗАБОЛЕНИ: Најмладиот ковид пациент во Битола има 19 години, пет лица се на кислородна поддршка

АЛАРМАНТЕН РАСТ НА ЗАБОЛЕНИ: Најмладиот ковид пациент во Битола има 19 години, пет лица се на кислородна поддршка

Во ковид центарот во битолската болница моментално има 16 хоспитализирани пациенти, од нив 5 се на кислородна поддршка, а во моментот две лица се сомнителни и се чекаат резултати за нив. Најмладиот има 19 години и е на дневно болничко лекување, додека најстариот хоспитализиран пациент е 79 годишен, објави Сител.

„Стабилни се засега со средно тешка клиничка слика, сите се од регионот на Битола и битолско, имаме прилив во амбулантата на помлада популација, додека кај хоспитализираните доминира повозрасната популација. Иако возраста се движи од 19 до 79 години, вели д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

Од битолската болница велат дека се подготвени за новиот бран и очекуваат како и во цела држава, така и во Битола зголемување на бројот на хоспитализации, но и на амбулантски прегледи.

Слично

Поврзани вести