Алаѓозовски: Повлечени 10 проекти за 2018 во вредност од 8,5 милиони денари
Десет проекти од Годишната програма на Министерството за култура за 2018. со вкупна вредност од осум милиони и 500.000 денари се повлечени по ревизијата на Комисијата од Министерството, информираше денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски.
– Во овој момент комисиите ги разгледуваат и одлучуваат по однос на приговорите. Начинот на којшто ќе можеме да одговориме на приговорите ќе зависи од достапните средства што ќе ги имаме на располагање, појасни Алаѓозовски на новинарско прашање.
Одлуката се однесува на проектите од Годишната програма за кои имаше реакции во јавноста и за кои беше побарана ревизија.
Слично
