Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алаѓозовски: МРТ дели субвенции незаконски

Алаѓозовски: МРТ дели субвенции незаконски

Од страна на инспекцискиот надзор, раководството на МРТВ е предупредено дека се соочува со кривична одговорност поради овие незаконски донесени одлуки, со кои се создава штета по Буџетот и кои претставуваат злоупотреба и несовесно работење во службата. Исто така, раководството на МРТВ беше предупредено дека склучувањето на договори со авторите по овие одлуки ќе предизвика дополнително кршење на законот и нови основи за кривична одговорност.

Според министерот, Законот не придонесе за зголемување на квалитетот и за развој на музичката индустрија, нити за поголема присутност на домашните автори на нашите медиуми. Прерасна во алатка за клиентелизам и за купување послушност на музичките уметници. Поради тоа овој закон е во фаза на укинување, ние ќе ги поништиме донесените одлуки.

Министерството не само што ги оспорува овие одлуки и во никој случај нема да одобри исплата на средства за избраните композиции, туку дека започна да врши ретроактивна детална проверка на претходните конкурси, за кои добивме сознанија и индиции за крупни неправилности. Од првичниот увид во документацијата и начинот на спроведување на легислативата, воочени се повеќе прекршувања.
Целиот текст прочитајте го на Женски магазин, тука.

Слично

Поврзани вести