Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алаѓозовски: Директори поддржувачи на режимот кријат имот, Антикорупциска молчи

Алаѓозовски: Директори поддржувачи на режимот кријат имот, Антикорупциска молчи

Од СДСМ бараат повеќе директори кои се најгласни поддржувачи на режимот на Никола Груевски јавно да ги објават анкетните листови за имотот кој го кријат согласно законските одредби и да не бидат штитени од страна на Антикорупциска, посочи Робер Алаѓозовски, претседател на комисијата за култура на СДСМ.

- Што кријат овие лица во врска со нивната имотна состојба и за тоа ли ги штити Антикорупциската комисија?

Антикорупциската комисија инструирана од Груевски и соработниците нема право да штити функционери на ВМРО-ДПМНЕ на сметка на интересите на граѓаните. Директори на 5 национални културни установи и институции немаат доставено анкетни листови за својата имотна состојба, иако подолг период се раководни лица.

Според законот имале должност најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето, да пополнат анкетен лист за својот имот и за имотот на членовите на своето семејство. Овие податоци треба да бидат јавно достапни на веб страницата на Антрикорупциската комисија.

Порачуваме дека директорите кои не ја исполниле својата обврска и Државната комисија за спречување на корупцијата имаат должност да постапат согласно законот и да им овозможат на граѓаните увид на во имотната состојба на функционерите кои освен што се директори учествуваат во реализација на партиски активности и опасни провокации на штета на граѓаните, посочи Алаѓозовски..

Слично

Поврзани вести