Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алаѓозовски: Асаф Адеми направи грешка

Алаѓозовски: Асаф Адеми направи грешка

Роберт Алаѓозовски, кој му го отстапи ресорот за култура на Асаф Адеми, смета дека актуелниот министер направи погрешен чекор што ги известил Златко Теодосиевски и дополнително Донка Барџиева Трајковска дека не му се потребни како советници во 2019-та, затоа што, според националниот координатор за култура, тие се стручњаците кои треба да продолжат со најавените реформи.

„Министерот за култура има полно право да ги именува своите советници, но сметам дека овој чекор е погрешен, со оглед на тоа дека тие двајца се вклучени во многу стратешки процеси“, изјави Алаѓозовски за Независен весник.

Екс-министерот за култура додава дека не се консултирал по ова прашање со Адеми, кој доаѓа на негово место од редовите на Беса.

Независен тврди дека двајцата стручњаци не добиле образложение зошто не добиле продолжување на ангажманите и самите се прашуваат себе си како сега ќе продолжат т.н.реформи. Теодосиевски работеше на Националната стратегија за култура 2018- 2022, а Барџиева - Трајковска на измените на Законот за заштита на културното наследство.



Слично

Поврзани вести