Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алабаковски: Aко мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Алабаковски: Aко мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Пејачот Ламбе Алабаковски пееше и се обрати на протестот пред Владата. 

Тој запали лист хартија на кој пишуваше Преспански договор, Договор со Бугарија, француски предлог. Вели дека она што сега се случува со Македонија е фашизам. 

„Aко мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка“, рече пејачот. 

Веќе трет ден има протести и граѓаните бараат власта да го отфрли францускиот предлог, кој за нив е уцена од Бугарија. Против пејачот во тек е постапка поради палење на влезната врата на бугарскиот клуб во Битола. Алабаковски беше притворен, но потоа му го одземаа пасошот. Тој на протестот му се заблагодари на народот за поддршката. 

Слично

Поврзани вести