Економија, финансии, бизнис

Контакт

Активни се мејлови на кои младите, родителите и воопшто граѓаните можат да пријавуваат врсничко насилство

Активни се мејлови на кои младите, родителите и воопшто граѓаните можат да пријавуваат врсничко насилство

Младите, родителите и воопшто граѓаните можат да пријавуваат врсничко насилство на prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик. Адресите се веќе активни и по секоја пријава веднаш ќе се постапува.

Mинистерството за образование и наука (МОН) отвори електронски адреси за пријавување на врсничко насилство.

„На моја иницијатива денеска имавме дискусија со повеќе академски професори и експерти од областа на педагогијата,  психологијата, социологијата, безбедносните науки, со цел да дискутираме што е тоа што можеме да го интегрираме во нашиот образовен систем, за да превенираме несакани настани како во соседна Србија. Ова е сериозен предизвик за сите нас, имавме плодна дискусија и сите сме согласни дека промени мора да се случуваат, затоа што новото време ја менува динамиката на живот, се менуваат трендовите, се менува однесувањето на младите. Овие предизвици бараат и соодветен одговор“, изјави министерот за образование Јетон Шаќири.

За момчето кое во Србија пред два дена изврши масакр, убивајќи 9 луѓе, се споменуваше дека бил предмет на врсничко насилство, но имаше и деца и родители кои тоа го негираа и рекоа дека едноставно бил психопат, зло, дека никој не го навредувал. 

Вчера имало тепачка меѓу ученици во школски двор во тетовско, но имало и инцидент во Скопје, каде едно дете добило ќотек. 

Слично

Поврзани вести