Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

Избувна голем шумски пожар кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка. 

Над планинското село Долно Јаболчиште денеска избувна шумски пожар со кој е зафатена квалитетна шума. Пожарот се шири кон врвот Лисец. Во негово гаснење засега се вклучени 20 вработени од Општина Велес кои се на терен и се борат со огнената стихија, која поради ветрот брзо се шири и разгорува, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Велес.

Од РЦУК Велес додаваат и дека во велешко е активен и големиот шумски пожар на планината Мукос во реонот на село Степанци кон меснoста викана Кадиица на границата помеѓу Општина Чашка со Општина Долнени со жариште во Ораов Дол према Кадиица, кој избувна на 24 август. Последниве денови е високо во планината на непристапен терен, а во негово гаснење денеска се вклучени само тројца вработени од ШС „Бабуна“.

Има вкупно 10 пожари на отворено, од кои активни се четири, а изгаснати се шест, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК), посочувајќи дека уште гори во Општина Чашка на планината Мукос.

Слично

Поврзани вести