Активистот кој истури боја пред Министерството за правда повикан во полиција
Откако ја фрли бојата кон Министерството за правда, Омер Ајдини е повикан во полиција.
Претседателот на Форумот на млади на Алијансата за Албанците е повикан на информативен разговор во полициската станица во Центар. Ова го објави самиот Ајдини на социјалните мрежи.
Наводно Ајдини бил повикан на разговор во полиција поради активноста на Младинскиот форум на АА пред неколку дена кога беше истурена црвена боја пред влезот на Министерството за правда.
Протестот беше против барањето за помилување. на осудените Бобан Илиќ, Сеад Кочани, Александар Василевски - Нинџа и уште неколку други со криминални досиеја.
Слично
