Активисти на опозицијата се жалат на градежни активности на македонските патишта
Активисти на опозицијата на социјалните мрежи се жалат дека власта со градежни активности и механизација на патиштата низ Македонија создава бавно движење на возилата и ги попречува да стигнат навреме на најавениот анти-владин протест на ВМРО-ДПМНЕ од 20.00 часот во Скопје.
„Забелешките“ се пренесени од он-лајн медиумите.
Од Владата засега нема коментар дали тоа се вообичаени активности за викендите на територијата на Македонија.
Слично
