АКТИВИРАН ЕУ МЕХАНИЗМОТ ЗА ЦИВИЛНА ЗАШТИТА: Македонија не може сама да се справи со пожарите
Македонија го активираше ЕУ механизмот за цивилна заштита.
„Очекуваме помош од ЕУ во справување со пожарите, најмногу од соседите кои исто така се борат со огнените стихии, најпотребни ни се во воздухоплови, вели Ангелов.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов вели сили на земја имаме доволно, но тие се исцрпени од секојдневната борба со пожарите.
„За жал дождовите кои што ги очекувавме денес на територијата на Македонија нема да ги има според УХМР, доаѓа до промена односно постојат само мали шанси од врнежи во северните делови и северозападните каде што во суштина немаме и пожари. Мислам на северозападните делови. Од овие причини денес го активиравме и ЕУ механизмот за цивилна заштита на Европската унија“, додаде Стојанче Ангелов.
