Економија, финансии, бизнис

Контакт

Активиран алармот: Мерките на Владата стапија во сила во три македонски града

Активиран алармот: Мерките на Владата стапија во сила во три македонски града

Според информацијата добиена од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на вредноста на ПМ10 честички над 188 μg/m3 во текот на два последователни денови, во Битола, Тетово и Струмица во сила од денеска стапуваат мерките против аероагадувањето.

Се препорачува работодавците да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар и да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.

Дополнително, да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено и се обебедуваат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа ја намалуваат (до 50%) употребата на службените возила и се воведува ограничување на работите на градежните објекти

Се задолжува Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина треба да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А - ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух. 

Ќе се препорача намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.


Слично

Поврзани вести