Актерот Владо Јовановски излегува од Шутка
Aктерот Владо Јовановски излегува од притворот во Шутка.
Апелациониот суд ја прифати неговата жалба и одлучи мерката да ја ублажи со куќен притвор, а судот ќе му го одземе и пасошот.
Во притвор останува пратеникот Крсто Мукоски, неговата жалба апелационите судии не ја прифатија иако тој се пожали дека сериозно му е нарушено како физичкото, така и психичкото здравје.
Пратеникот Љубен Арнаудов, како и организаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски и Богдан Илиевски добија преиначување на мерката притвор со домашен притвор и излегоа од затворот во Шуто Оризари.
Joвановски повеќе од два месеци беше во Шутка.Тие се притворени за настаните од 27 април во Собранието.
Слично
