Актерот Владо Јовановски: Бугарите потоа уште 100 години ќе не потсетуваат на „милостината“ за вакцината
Во врска со набавката на вакцините против ковид 19 преку својот фејсбук профил се огласи актерот Владо Јовановски.
Еве што тој напиша на социјалната мрежа.
„Зошто да купуваме вакцини и да го имунизираме населението од ковид 19? Бугарите ќе ни дадат. А тоа што, после тоа 100 години ќе не потсетуваат на таа 'татковска' милостина не е важно, важно е тие да си го имунизираат 'бугарското' население, надвор од границите на ЕУ“, напиша Јовановски.
По таа логика, според актерот, зошто да ја обработуваме Македонската земја, која и така е во најава за продажба.
„Бугарите ќе ја ораат, Бугарите ќе ја сеат, Бугарите ќе ја жнеат, Бугарите ќе мелат и ќе печат... А пак нам што ни е гајле, важно е Бугарите леб да ни дадат, па што ако ни го спомнуваат тоа и на овој и на ОНој свет!“, напиша, меѓу другото, Јовановски.
Слично
