АКТЕРОТ ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ ПРОГОВОРИ ЗА ИСКУСТВОТО КОГА БЕШЕ ДЕЛ ОД ЛАВОВИТЕ ВО 2001: „Изгледа се боревме на погрешната страна“
Тони Михајловски кој беше дел од специјалната единица „Лавови“ за време на конфликтот во 2001 година, говореше отворено за тој период во гостувањето на поткастот кај Кристијан Ландов.
„Да ја браниш Македонија, ќе завршиш многу лошо. Ќе завршиш во затвор, ќе завршиш осиромашен, маргинализиран.. Многу храбра изјава на Артан Груби. Да, командантите на УЧК ја водат државата. Што ќе рече дека ние лавовите, сега после толку години, ќе повторам една реченица од 2002 година, - изгледа се боревме на погрешната страна. Замисли да се боревме на страната на УЧК. Ние сега ќе бевме се: министри, директори...очигледно сме се бореле на погрешната страна, на македонската...И маргинализирани, омаловажувани, така да оваа држава не произведува бранители. Не произведува многу работи ама меѓу другото не произведува ни бранители, односно покажува каков ќе ти биде односот. Дека сите ослободители на Македонија во времето на 1945 година, овие првите што се влезениво градовите, завршиле на Голи Оток. Тоа е како традиција некоја на тоа некое самоуништување“, рече Михајловски.
