АКТЕРОТ МИХАЈЛОВСКИ ЛУТ НА КОМЕСАРОТ: Хан нѐ лаже дека не чека влез во ЕУ
Со лута објава на социјалните мрежи актерот Тони Михајловски го обвинува европскиот комесар Јоханес Хан дека ги лаже граѓаните за влезот на Македонија во ЕУ.
Михајловски револтот го искажува на Фејсбук каде пишува дека пред 5 години Македонија имала држава а сега нема ништо.
Оваа реакција доаѓа последователно по интервјуто на Хан за црногорски „Вјести“ во кое комесарот посочува за напредокот кој Македонија го направила со потпишувањето на Преспанскиот договор и истиот како што потенцира Хан, би требало да се најде во учебниците по историја а Македонија да добие датум за преговори.
На ова Михајловски возвраќа така што пишува дека се согласува со комесарот Договорот да се најде во учебниците но само за илузионисти.
Слично
