Економија, финансии, бизнис

Контакт

Актерката Ристиќ на распит за навредливиот коментар за Ромите

Актерката Ристиќ на распит за навредливиот коментар за Ромите

Актерката Ирена Ристиќ денеска ќе биде на распит во Јавното обвинителство за нејзиниот коментар на Фејсбук во кој гневно реагираше за злоупотреба на коњ од страна на Роми кои навредливо ги окаректиризираше. Таа е сомничена за предизвикување омраза на национална, верска и друга дискриминирачка основа. Поканата Ристиќ самата ја објави на фејсбук профилот.

- Циганите (поради некоја политичка, или не знам каква, коректност нарекувани Роми, као со тоа нивните злодела да добиваат на легитимитет или нивниот живот на квалитет) ја претоварувале, константно ја тормозеле Аурора и во даден момент нејзината нога пука, не може да додржи… паѓа! Циганите собираат сè што до претходно било на нејзиниот грб и ја оставаат така, падната и во бесознание… Коњот не е куче, нема да може да преживее со три нозе.., напиша Ристиќ во својот коментар објавен на Фејсбук.

Погрдниот збор ги разгневи Ромите, но и воопшто јавноста која ја критикуваше за потоа да се извини за постапката иако не го повлекува кажаното.


Слично

Поврзани вести