Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако Заев ги прифати барањата на Касами и Села осуммината исклучени пратеници „ќе му откажат љубов“

Ако Заев ги прифати барањата на Касами и Села осуммината исклучени пратеници „ќе му откажат љубов“

 Два дена ги делат пратениците од стартот на расправата за уставни измени. Во меѓувреме, премиерот Заев се наоѓа „растргнат“ меѓу две страни.

Осуммината пратеници кои опозициската ВМРО ДПМНЕ ги исклучи од партијата нема да му дадат поддршка на владеачкото мнозинство бидејќи нема да го дадат гласот „За“ уставни измени доколку Заев одлучи да му ја исполни желбата на Касами и доколку терминот „македонско“ се избрише од документите, бидејќи тоа е спротивно на гаранциите за јакнење на идентитетот. 

За денеска пак е најавена средба меѓу Заев и Зијадин Села.

Беса бара и прецизирање на сите етнички заедници во дијаспората а партиите од албанскиот блок бараат албанскиот јазик да е втор службен јазик и етничката заедница да е дел од Преамбулата. 

Последната фаза од уставните измени предвидени со Договорот од Преспа почнува во среда кога пратениците се враќаат на работните обврски.

Слично

Поврзани вести