Ако забележите несовесно паркирани возила на места за лица со инвалидитет пријавете ги на овој број
Лицата со посебни потреби заслужуваат еднаков третман и почит од сите.
Посебно означаните места наменети за паркирање на лица со посебни потреби често се злоупотребуваат од несовесни возачи.
Отсега тие несовесни возачи ќе може да ги пријавите на директниот телефонски број: 077 410 002. По добивање на повикот, пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш, а на местата каде што нема пристапност ќе се поставуваат блокатори.
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ ги повикува граѓаните ако забележат автомобил паркиран на место означено за лица со посебни потреби да алармираат на 077 410 002 кај нивните служби.
„ Само со еден телефонски повик ќе им помогнеме на лицата со инвалидитет непречено и нормално функционирање во градот и ќе влијаеме на свеста на возачите да паркираат совесно”- изјави В.Д. директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Вангел Андрески.
Оваа активнот е дел од кампањата „Паркирај совесно! Не им го одземај паркинг местото на оние на кои им е најпотребно“ која има за цел да се подигне свеста на возачите да не се паркираат на места наменети за лица со посебни потреби и да се посочи проблемот со непрописното паркирање низ градот.
