АКО ЗА ФИРМАТА КОРИСТЕЛ СРЕДСТВА ИЗНЕСЕНИ ОД ЗЕМЈАВА, ГРУЕВСКИ МОЖЕ ДА ОДГОВАРА И ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ - Ристовска за случајот со експремиерот
Обвинителката Ленче Ристоска за ДВ изјави дека експремиерот Никола Груевски, кој како бегалец од правдата, отвори бизниси во Унгарија, би можел да се соочи со уште една постапка - за перење пари, доколку се докаже дека пари изнесени од Македонија се користат за бизниси во странство.
„Ако се дојде до сознанија дека Груевски има вложувања во странство, може да се отвори нов предмет за перење пари, ако се има предвид дека за него во земјата се водат неколку постапки за кривични дела поврзани со корупција, коишто генерирале профит“ , вели обвинителката.
Според поранешната обвинителка на СЈО, државата преку меѓународна правна помош, може да побара информации поврзани со сметките и трансакциите во странство.
Слично
