Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако ВМРО не остане на власт, Македонија одново ќе биде предадена, вели Џамбаски

Ако ВМРО не остане на власт, Македонија одново ќе биде предадена, вели Џамбаски

Ако ВМРО-БНД не остане на власт, Македонија одново ќе биде предадена, вели  заменик-претседателот на партијата, Ангел Џамбаски откако Европскиот парламент ги опомена бугарските политичари за провокациите кон Македонија. 

Тој вели дека „скандалозната корекција со амандманот 77-А која е направена од претставниците на Социјалистите и на Зелените во ЕП е насочена директно против бугарските национални интереси во односите со С. Македонија“.

„Овој амандман е срамота! Не само затоа што беше потпишан од ПЕС на Станишев. Срамота е затоа што, прво, се меша во внатрешните работи на Бугарија, второ, тоа е лажно и невистинито од почеток до крај. Претпоставувам дека еден мој колега во ЕП направил многу голем компромис со својата совест, така да се каже. Да не спомнувам дека претпоставувам дека тие беа предмет на скопско лобирање. Затоа што за да напишете таква отворена лага и такви отворени глупости, мора да сте направиле компромис во некаква форма на лобирање, или вашето место не е во Европскиот парламент. Ако ВМРО не остане на власт, Македонија одново ќе биде предадена“, вели бугарскиот европратеник.

Со месеци наназад има провокации кон Македонија. Изјави со ваква содржина кон нашата земја освен Џамбаски, упатуваа и бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева и вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов. 

Слично

Поврзани вести