Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако Владата го одобри пакетот, Османи е спремен да го потпише протоколот со Бугарија

Ако Владата го одобри пакетот, Османи е спремен да го потпише протоколот со Бугарија

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи вели дека ако Владата донесе одлука после консултативниот процес дека го одобрува пакетот, тогаш тој може веднаш да организира средба на меѓувладината комисија со Република Бугарија и да пристапат кон потпишување на протоколот. 

Османи нагласи дека протоколот е усогласен во МНР, но, како што вели, треба да го одобри Владата, а Владата ќе го разгледа во рамки на целиот пакет.

„Пакетот има европска и билатерална компонента. Билатералната компонента е протоколот и тој веќе не е во еворпскиот пакет, туку е билатерален со Република Бугарија, но е дел од овој процес за Бугарија да даде согласност за пакетот“, изјави Османи.

Но, екс министерот за надворешни работи и екс-вицепремиер за евроинтеграции, Никола Димитров оценува дека, како што самиот вели, новата опаковка на предлогот е апсолутно истиот непоправлив дебакл со кој можеби ќе ги отвориме преговорите со ЕУ ако го смениме Уставот, ама никогаш нема да ги завршиме.

Слично

Поврзани вести