Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако викендов сите патишта ве водат кон Грција: Апликации на кои може да ја следите состојбата на граничните премини

Ако викендов сите патишта ве водат кон Грција: Апликации на кои може да ја следите состојбата на граничните премини

Кои апликации имаат камери во живо од состојбата на граничните премини? Каде да проверите кога е вистинско време да тргнете на пат?

Ако планирате овој викенд да одите во Грција на море, добро би било предвреме да проверите каква е состојбата на граничните премини, пренесува Женски Магазин.


Со оглед на тоа што според изјавите на очевидци во текот на изминатиот викенд имало огромни колони, па некои од нив чекале и по два часа, добро би било пред да тргнете да се уверите каква е состојбата и колку време се чека за влез во Грција.

Освен официјалната веб-страница на Јавното претпријатие за државни патишта, каде што може да се следат во живо камерите како од граничните премини, така и од наплатните рампи во нивна близина, оние што почесто патуваат користат и посебни апликации на мобилните телефони, коишто им овозможуваат да ја проверат состојбата на граничните премини.

На веб-страната All Traffic Cameras може во живо да се следат истите камери на граничниот премин „Богородица“, каде може да се види каква е состојбата во моментов.

Исто така, многумина ја користат и апликацијата BorderWatcher каде што има проценка за тоа колку време се чека на граничните премини и во живо пренос од камерите на граничните премини.

Овие апликации може да ви помогнат за да го испланирате времето кога да тргнете на пат, но мора да се знае дека проценките што тие ги даваат често се базираат на информации добиени од корисници.

Според очевидците од минатиот викенд, скенирањето на граничните премини оди брзо, но проблемите настануваат кога ќе се собере поголема толпа одеднаш.

„Зависи кога како во текот на денот. Тоа е граница. Некои преминуваат за 5 минути, а некои чекаат и по 30 минути. Генерално, скенирањето оди брзо, но ако има многу луѓе истовремено, тогаш пресметката е едноставна – има голем број луѓе“ – стои во еден од коментарите на Фејсбук групата Grčka Info.

РЖМ / Б. С. Б. 

Фото: Принтскрин


Слично

Поврзани вести