Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aко ви е повредено избирачкото право, освен кај правобранителот, еве каде да се обратите

Aко ви е повредено избирачкото право, освен кај правобранителот, еве каде да се обратите

Ако вашето избирачко право е нарушено можете да реагирате и во Хелсиншкиот комитет за човекови права. 

Хелсиншкиот комитет информираше дека нивната канцеларија денеска ќе биде отворена во текот на целиот ден за да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на претседателските избори.

„Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот кој се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје. Доколку граѓаните не се во можност да дојдат до нашите простории, случаите на повреда на избирачкото право можат да го пријават и преку телефонски број 02-3119-073. Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е-пошта на helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право“, соопшти Хелсиншкиот комитет.

Хелсиншкиот комитет наведува и дека ги гарантира тајноста и неповредливоста на личните податоци и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од  граѓаните што ја пријавиле повредата.

Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност. 

Слично

Поврзани вести