Економија, финансии, бизнис

Контакт

„АКО ВЕЌЕ РЕШИВТЕ ДА ДОГРАДУВАТЕ, ОБНОВЕТЕ ГИ И БРОДОВИТЕ, НЕКА БИДЕ КАРИКАТУРАТА КОМПЛЕТНА“: Куновска за довршувањето на некои од спомениците

„АКО ВЕЌЕ РЕШИВТЕ ДА ДОГРАДУВАТЕ, ОБНОВЕТЕ ГИ И БРОДОВИТЕ, НЕКА БИДЕ КАРИКАТУРАТА КОМПЛЕТНА“: Куновска за довршувањето на некои од спомениците

Софија Куновска, поранешен член на советот на Град Скопје од СДСМ, вели дека најавата за довршувањето на споменикот на Мајка тереза не е културна политика, туку евтин популизам, затоа што немаат идеја.
„Споменикот на Мајка Тереза ќе се довршувал

После години молк и занемарување, институциите одеднаш се сетија да го довршуваат споменикот на Мајка Тереза на Плоштад Македонија. Зошто? Затоа што, како што велат, „веќе биле потрошени пари“. Тоа е сè што имаат да кажат – не културна визија, не вредносна позиција, туку проста бирократска сметка.

Ова не е културна политика. Ова е евтин популизам. Празно глумење грижа, зад кое се крие хроничен недостаток на идеи, интегритет и вистинска посветеност на културата.

Културата не е споменик. Културата не е бетон, бронза и малтер.

Културата не е трошок, културата е инвестиција.

Во ум, во талент, во визија, во идеи со кои ќе се натпреваруваме со светот. Во нешто што ќе не препорачува за најдобри на светот.

Скопје нема да стане метропола со доградба на заборавените скелети. Ќе остане завиткан во лепливата прашина, кич и урбана смрдеа ако и понатаму го водат луѓе без визија, без слух и без срам.

Не е ова споменик за Мајка Тереза. Ова е споменик за нечија неспособност. За нечија лична кампања.

Ако веќе решивте да доградувате, обновете ги и бродовите – нека биде карикатурата комплетна“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести