Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ако Тони Менкиноски е закана, тогаш сите сме закана“: Се огласи Обединетата македонска дијаспора за 10 годишната забрана за влез во Бугарија

„Ако Тони Менкиноски е закана, тогаш сите сме закана“: Се огласи Обединетата македонска дијаспора за 10 годишната забрана за влез во Бугарија

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) изрази сериозна загриженост и протест поради одлуката на бугарските власти со која на адвокатот Тони Менкиноски му е изречена 10-годишна забрана за влез во Бугарија.

Од ОМД оценуваат дека ваквата мерка претставува сериозно нарушување на слободата на движење и правото на вршење адвокатска професија, особено ако се земе предвид дека Менкиноски ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

„Ако адвокат кој ги брани човековите права се смета за закана, тогаш сите што се залагаат за правда се закана. Ако Тони Менкиноски е закана, тогаш сите сме закана“, наведуваат од организацијата.

Обединетата Македонска Дијаспора ги повика бугарските власти да ја преиспитаат одлуката, а меѓународните институции внимателно да го следат случајот, со цел да се обезбеди почитување на основните европски вредности и човековите права.


Слично

Поврзани вести