Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО СТЕ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ ВО БЕЛГРАД СО АСТРАЗЕНЕКА - таму мора да одите и по втората доза

АКО СТЕ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ ВО БЕЛГРАД СО АСТРАЗЕНЕКА - таму мора да одите и по втората доза

Државјаните на Северна Македонија кои овие денови доаѓаат на ревакцинација во Србија, и кои пред три месеци, на 27 и 28 март, ја примија првата доза на „Астра-Зенека” ќе можат да се ревакцинираат само во градот во кој ја примиле првата доза, јави доспиникот на МИА од Белград.

„Сите оние кои прв пат се вакцинираа во Белград, ќе мора на ревакцинација да дојдат во Белград. Така ни е речено од Белград и ние тоа мора да го почитуваме. Знам дека на Македонците полесно им е втората доза да ја примат во Ниш, но од Министерството ни објаснија дека постојат технички проблем тоа да се реализира“, изјавил за „Нишке вести” директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан.

Тој додаде дека во последните два дена веќе се ревакцинирани околу 800 државјани на Северна Македонија.

„Сите кои во Ниш ја примиле првата доза ќе можат да ја примат и втората доза, нека не се грижат“, кажа Јеркан, според кој, во Ниш веќе се набавени и има вкупно 6.500 дози на „Астра-Зенека” за македонските граѓани.

Тој додаде дека луѓето не треба да брзаат и дека до вторник можат да дојдат во Ниш да ја примат вакцината.

Слично

Поврзани вести