АКО СМЕ СЕ ДОГОВОРИЛЕ ДЕКА ВО ГРАД СЕ ВОЗИ 50, ТРЕБА ДА СЕ ВОЗИ 50: Тошковски за сите возачи кои добиле пораки за возење 51/52 километри на час
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на пес конференција беше запрашан за пораките што возачите ги добиле за надминување на брзината за 1,2,3 километри на час, односно 51/52/53.
„Ако сме се договориле дека на ниво на држава треба да се вози 50, тогаш треба да се вози 50. Има земји во ЕУ каде строго е дозволено 50, а има земји каде што толеранцијата е 10 проценти. За тоа ќе треба да се договориме“, рече тој.
Запрашан за тоа дали имплементацијата ќе почне на први јануари, тој рече дека не е сигурно и дека можеби ќе почне на втори или пак за месец подоцна, се со цел системот правилно да се имплементира но и да се доедуцираат граѓаните за неговото функционирање.
Рече дека имаат технички проблеми на Коридорите 8 и 10 и дека се работи на нивното отстранување.
Целта е да во Сејф Сити да влезе цела Македонија, без икслучок.
