Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО ШЕТАТЕ, ПОНЕСЕТЕ И ЧАДОР СО ВАС: Викендов во Скопје и Македонија ќе врне, можно е да има и невреме

АКО ШЕТАТЕ, ПОНЕСЕТЕ И ЧАДОР СО ВАС: Викендов во Скопје и Македонија ќе врне, можно е да има и невреме

За време на овој викенд, нашата територија ќе биде под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова апелираме на претпазливост, односно во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

И во делови од Скопската котлина ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност.

Потоа во текот на следната седмица повторно во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, што значи дека атмосферата нема да биде во целост стабилна.

Сепак температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи, што значи остануваат без поголеми промени во однос на оние кои ги имавме до сега и тие ќе бидат летни.


Слично

Поврзани вести