Ако сеуште барате билет за литургијата со папата на плоштад еве од каде да си земете утре
Доколку се уште не успеавте да си набавите билет а имате желба да бидете дел од литургијата која Светиот отец ќе ја одржи на плоштадот „Македонија“ во Скопје се уште имате шанса.
Имено, бесплатни билети останале уште мал број па утре ќе може да се подигнат од промотивниот штанд пред Спомен куќата на Мајка Тереза на улица Македонија.
Периодот на подигање е од 12 до 17,30 часот а може да си подигне секој граѓанин заинтересиран да биде дел од историскиот јавен настан.
Главниот град овие денови се подготвува за историската посета на папата Франциск кој утре и задутре ќе престојува во соседна Бугарија а во Македонија доаѓа во вторник.
Се очекува посетата да биде проследена со големо внимание а истата ќе биде и еден вид на реклама за нашата земја.
