АКО СЕ ЗАБРАНИ ДИЗЕЛОТ: Половина македонски возен парк ќе заврши на отпад
Дизел или бензин? Не, струја. Веројатно ова е вистинскиот одговор на прашањето на каков погон да се купи нов автомобил ако сакате да бидете во тек со најновите трендови. Додека во Европа и во светот сериозно се размислува за укинување на дизел- моторите бидејќи емитуваат штетни емисии гасови, кај нас половина од возниот парк не само што е составен од дизелаши туку тие се, во најголем дел, музејски примероци, кои не смеат да се возат во централните градски подрачја на европските метрополи.
Според последните достапни податоци од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на 2105 година, во земјава се регистрирани 383.833 автомобили. Најголем дел или 209.122 се бензинци, а 163.038 се со дизел мотор. Најзагрижувачки е тоа што бројот на дизелашите во 2015 година е дуплиран во споредба со нивниот број во 2011 година, кога тој изнесувал 85.426 возила.
