„АКО СЕ ПОСТАВИ ПРАШАЊЕТО, ЗА КОГО СИ, ЗА АМЕРИКА ИЛИ ЗА ЕВРОПА, НАЈДОБРО Е ДА СЕ ОДГОВОРИ СО ДОНАЛД“ - Милошоски со шега на Националниот совет за евроинтеграции
Денеска се одржа собраниска комисија на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието на земјава, каде нашите пратеници се запознаваат и им е презентирана програмата и приоритетите на Полското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари-јуни 2025 година, од страна на полскиот амбасадор во земјава, Мариуш Бримора.
А, на седницата на Националниот совет се случи и една шега од страна на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.„Ако се постави прашањето за кого си, дали си за Америка или за Европа, најдобро е да се одговори дека јас сум за Доналд. Без да се каже презимето, бидејќи Доналд е и претседател на Америка, а Доналд е и премиер на Полска“, мислејќи притоа и на американскиот претседател Доналд Трамп, но и на полскиот премиер Доналд Туск.
Слично
