Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако се докаже вина кај Хисни Исмаили, Африм Гаши рече дека ќе поднесе оставка

Ако се докаже вина кај Хисни Исмаили, Африм Гаши рече дека ќе поднесе оставка

Хисни Исмаили е чист како солза, вели претседателот на Алтернатива, Африм Гаши за неговиот сопартиец.

Гаши смета дека Исмаили нема ништо нечесно направено додека бил министер за култура.

„Зли сили сакаат да му наштетат. Буџетот не е оштетен додека тој беше министер. Ако се пронајде вина кај него, јас давам оставка“, изјави Гаши во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Државната комисија за спречување на корупција поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на Хусни Исмаили, кој е предложен за потпретседател на Собранието според новиот коалициски договор на актуелната власт со Алтернатива.

Поранешниот министер за култура кој оваа функција ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година е пријавен за сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.

Владимир Георгиев рече дека поранешниот министер за култура склучувал договори со финансиска рамка поголема од предвидената во буџетот. Во постизборен период потпишал околу 100 договори и анекс договори и со тоа создал обврски за Буџетот за 2020 година на Министерството за култура од над 33 милиони денари.

Слично

Поврзани вести