Ако сакате висока плата во Македонија, барајте ја во овие професии
23.196 денари изнесува просечната нето плата која вработените ја земале во ноември 2017.
Според статистиката на државниот завод 1,1% од вработените во државата не земале плата.
Меѓутоа, кои се највисоко платените професии во земјава?
Доколку сакате висока плата, тогаш во воздухопловството сигурно ќе ја најдете. Овој сектор моментално е најплатен и таму платите изнесуваат 96.116 денари според статистиката на ДЗ.
Помалку платени се програмерите, консултантите и оние ои вршат сродни дејности, тие во ноември лани земале 50.248 денари
Финансиско-услужни дејности и фармацијата исто така остануваат меѓу најплатените гранки каде што платите се движеле од 45.251 денар до 2.377 денари.
Во спортот, забавни и рекреативни дејности и телекомуникации се земале плати од 40.193 денари до 38.940 денари.
Ако работите во маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот може да се надевате на плата од 37.209 денари а секторот на сметководство има 35.800 денари плата.
Меѓу највисоко платени професии спаѓаат и Правни и сметководствени дејности, Складирање и помошни дејности во превозот, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување , останати стручни, научни и технички дејности и слично.
