Aко сакате да влезете во Грција ќе ви треба најмалку половина час
Сезоната на одмори почна па граѓаните се упатуваат кон море.
Голема фрекфенција на граничниот премин кон Дојран и соседна Грција регистрира утрово автомото сојузот.
Сепак имајте на ум дека ова важи само за македонската страна од граничните премини.
Она што е важна информација а треба да го знаете е и дека вчера стапи на сила времениот режим на сообраќај во летниот период.
Тоа значи дека е забрането движење на тешки товарни возила за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Оваа мерка ќе трае се до крајот на месец август.
Слично
