Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако сакаме да се спротивставиме на Русија, тогаш ќе гласаме за уставните измени, вели Адеми

Ако сакаме да се спротивставиме на Русија, тогаш ќе гласаме за уставните измени, вели Адеми

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми, посетата на министрите за европски прашања од Германија, Франција и Полска рече дека била конструктивна.

Тој објасни кои пораки ги пренеле европските политичари. 

 „Сите пораки беа јасни. Ако сакаме да ѝ се спротивставиме на Русија, тогаш ќе гласаме за уставните измени. Тоа беше главната порака“, рече тој. 

Очекува партиите да не се водат од тесни политички интереси. 

„Дискутиравме за сите околности, особено околностите кои се креирани од минатата година после руската агресија во Украина, и забрзување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја тука Северна Македонија и Албанија. Очекувам дека сите политички партии ќе рефлектираат и ќе носат одлуки, ќе ги хармонизираат нивните политики со отворање на нови перспективи за сите граѓани и нема да се водат од тесни партиски интереси кои се поврзани со следните избори. Сите ние кои сме европски ориентирани политичари и политички партии кои ги претставуваме, секако дека го споделувавме нашето видување дека час поскоро треба да се изгласаат уставните измени. Претседателот Џафери, меѓу другото, кажа да не се занимаваме со историјата, туку конкретно да се фокусираме на градење нови можности и перспектива за нашите граѓани“, рече Адеми. 

Од ВМРО-ДПМНЕ и натаму се против уставните измени. 

Владата објави како ќе гласи текстот за уставните измени, кој освен Бугарите, опфаќа уште неколку заедници. Текстот ќе оди во Собрание. 

Претставниците од „Вајмарската тројка“ тврдат дека по уставните измени, Бугарија нема да наметнува нови барања за Македонија на патот кон Европската Унија (ЕУ). Велат дека Македонија потоа автоматски ќе се најде на патеката на пристапување. 

фото Фејсбук/Арбер Адеми

Слично

Поврзани вести