Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО САКААТ НЕКА СИ СЕ ЗЕМАТ, НИЕ НА ТАКВА СВАДБА НЕ ОДИМЕ - ова е пораката од Горан Милевски, коалициониот партнер на Заев

АКО САКААТ НЕКА СИ СЕ ЗЕМАТ, НИЕ НА ТАКВА СВАДБА НЕ ОДИМЕ - ова е пораката од Горан Милевски, коалициониот партнер на Заев

Ако си се сакаат, нека си се земат - ЛДП на таква свадба нема да присуствува“, напиша на својот фејсбук профил Горан Милевски, претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа по понудата за можна заедничка Влада која ја најави премиерот Зоран Заев.

Ова следува откако вчера премиерот Зоран Заев ја изненади јавноста со една идеја за заедничка Влада со ВМРО-ДПМНЕ, само неколку дена откако 62 пратеници му изгласаа доверба во Собранието, со тоа потврдувајќи го парламентарното мнозинство.

Од ДУИ рекоа дека опозицијата треба да биде надвор од власта, што значи дека не се согласуваат со таа идеја, а доцна вечерта се јави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски од болница, кој рече дека сметот треба да се измете, што значи ја одбива идејата.

СДСМ објаснија дека оваа покана била до чесните вмровци.

Слично

Поврзани вести