Ако рокот за СЈО не се продолжи, Ристоска вели имаат план Б
Oбвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска вечерва во гостувањето на Топ тема на Телма ги повтори апелите за продолжување на рокот за поднесување обвиненија и додека дека доколку тоа не се случи тие имаат план „Б“.
Рокот за покренување на обвиненија истекува на 30 јуни.
„Доколку тоа не се случи, имаме неколку варијанти кои ги разгледуваме и затоа се воздржуваме од коментирање на план „Б“. Постојат повеќе опции. Со сигурност тие материјали нема да останат во некој сеф, граѓаните заслужуваат да знаат што се случило“ – вели Ристоска.
Објасни дека не може да каже уште колку обвиненија СЈО ќе поднесе до истекот на рокот, но се надева ќе бидат во голем број.
Обвинителката Ристоска рече дека не се плашат дека Уставен суд ќе го прогласи СЈО за неуставна институција. Таа очекува СЈО во иднина да биде интегрирано во редовното јавно обвинителство.
Ристоска кажа дека уште имаат опструкции и другите институции не соработуваат со нив како што се очекува и како што би требало.
