Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако помине во Собрание, законот за јазици може да не помине кај Иванов

Ако помине во Собрание, законот за јазици може да не помине кај Иванов

Денеска пред пратениците ќе се најде повторно Законот за јазици чие гласање беше одложено во вторникот и презакажано за денес.

Недоволниот кворум на пратенци го одложи Законот кој под превезот на европското знаменце веќе ги помина двете комисиски расправи на кои не беше прифатен ниту еден амандман.

Сепак доколку овој закон го помине собранискиот филтер,може да закочи кај шефот на државата.

Ѓорге Иванов кој уште на самиот старт се изјаснуваше против овој закон за кој вели дека  претставува закана по унитарноста на државата и го крши  Уставот на Република Македонија може да одбие да го потпише  законот по првото изгласување. Доколку се случи тоа, законот повторно се враќа назад кај пратениците.

По второто изгласување претседателот нема да може да одбие да го потпише законот.

Денеска пред пратениците ќе се најдат и Законот за заштита на сведоци кои го бараше Специјалното обвинителство, како и Законот со кој треба да се укине Советот за утрдување факти, но на дневен ред е и Предлогот за избор на судии на Уставниот суд.

Слично

Поврзани вести