„АКО ПОЛИЦАЈЦИТЕ БЕА НА ПАРТИЗАНСКА, НЕМАШЕ ДА ПОГИНЕ ФРОСИНА“: Јакимовски ја обвинува полицијата - „што не го работевте ова до пред 20 дена?“
Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, вели дека ако полицијата би била на терен, младата Фросина Кулакова, не би била прегазена.
„Во партиското пропагандно гласило на власта кое задолжително мора да го известува народот за големите нивни дострели пишува дека во текот на вчерашниот ден полицијата изрекла 1089 казни за сообраќајни прекршоци, 76 лица возеле без дозвола и 186 пешаци се казнети поради непочитување на сообраќајни прописи. Ова го сторил никој друг туку полицијата предводена се разбира од кого.
А хаа!!!
Значи полицијата казнила!
Значи полицијата е на терен!
Да прашам, зошто не се судиите на терен? Зошто тие не пишуваат казни?
Па нели судиите беа виновни?
На секои триста метри гледаме сега полицајци или судии?
Ако полицајците беа на Партизанска немаше да погине Фросина.
Прво се прави пропаганда дека друг е виновен и потоа доаѓа втората фаза. Решението на проблемот.
Нормално! Тоа се секогаш тие. И од причина (ако ги имало на улиците немавме да имаме жртва), тие сега се претвораат во решение на проблемот. Демек сега слушате ли и читате ли вие колку ние работиме?
Епа што не го работевте ова до пред 20 дена?
Се сеќавам кога почина Кметовска од заскитан куршум. Имаше слична кампања. На столбот на срамот беа кафулињата, рестораните, ноќните клубови, да се забрани работа после полноќ итн...
Сега ја имаме оваа сообраќајна кампања. Се е стихијно. Нема континуитет.
За да после, не дај Боже, правите кампања дека друг ви е виновен, еве јавно да ве предупредам за уште нешто.
Не давате одобрувања за вработувања на пензионирани, заминати и починати воспитувачки, негувателки и технички персонал во градинките. Се плашам дека ќе ви се случи некоја несреќа.
Пак ли тогаш ќе ви биде некој друг виновен?
Веројатно родителите што не си го чувале детето дома, негувателката која опслужува 40 деца, директорката или нормално градоначалникот. Ама вие никако не.
Е тука сте се зезнале.
Не дај Боже вакво нешто да се случи, тогаш нема судот да биде виновен. Судот ќе ви суди за злоупотреба на службено овластување оти има докази кога луѓето си заминале од градинките, кога до вас се испратени барањата и дека сте имале пари за се’ и сешто, но за тоа што ви е по закон обврска не сте сакале да одобрите: ниту вработувања, ниту средства, ниту издавате лиценци, што е ваша законска обврска.
Ботчиња, платеници и останати “платени проститутки” повторно имате тема за плукање.
Некогаш викавте Бранко е крив. За се ви беше Бранко крив.
Денес за се’ ви е виновен судот и обвинителството.
Така рекле во партијата. Вие за ништо не сте одговорни“, напиша тој.
