Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ако победев на локалните избори, денес немаше да броиме 100 дена“: Јакимовски вели ќе се броеле завршени проекти

„Ако победев на локалните избори, денес немаше да броиме 100 дена“: Јакимовски вели ќе се броеле завршени проекти

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, преку објава на социјалните мрежи упати критики до актуелната локална власт, оценувајќи дека наместо да се бројат „100 дена“, граѓаните требало да бројат реализирани проекти.

Тој посочи дека доколку победел на локалните избори, повеќе инфраструктурни и образовни проекти веќе ќе биле завршени или во напредна фаза на реализација. Меѓу нив ги наведе градинките „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 1 и „Пролет“ кај Канела, како и спортската сала во ООУ „Димов Хаџи Димов“.

Јакимовски потенцираше дека повеќе улици, меѓу кои Петар Чаулев, Козле 3, Софиска, Џумајска, Јуриј Гагарин, Загребска, Атинска, Бранислав Нушиќ и Трифун Бузев, според него, ќе биле целосно завршени. Дополнително, како што наведе, ќе биле решени и канализациските проблеми во Бардовци и на Ловќенска, како и потпорниот ѕид на Загребска.

Тој додаде дека проектите за катни гаражи во Карпош 1 и Карпош 2 ќе биле подготвени со распишани тендери.

„Не е прашањето во деновите, туку во посветеноста. Кој знае – прави. Кој не знае – брои“, напиша Јакимовски, додавајќи дека начинот на кој започнале првите 100 дена од мандатот ќе ја одреди и иднината на локалната власт.




Слично

Поврзани вести