Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако патувате во Грција, ќе чекате на граница

Ако патувате во Грција, ќе чекате на граница

Ако денеска патувате во Грција, ќе чекате на граница околу половина час. 

На граничните премини Богородица и Дојран за излез од нашата држава се чека околу 30 минути, а на останатите премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, објави Авто мото сојузот.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слично

Поврзани вести