Ако патувате во Грција или Србија ќе чекате на граница
Ако денеска се упатите кон Грција или Србија, ќе чекате на граница.
На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за влез и излез од земјата е од 30 до 45 минути. Но, постои можност за зголемување во наредните часови. На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира Авто мото сојузот на Македонија. Пред неколку дена исто имаше мал застој на овие гранични премини поради зголемениот проток на возила и патници во екот на годишните одмори.
Слично
